Секој од нас може да настине во било кое време во годината и токму со помош на овој народен лек ќе успеете да ја избегнете настинката и да го заштитите вашето здравје.

Станува збор за чудесна комбинација од сируп од морков и мед. Дополнително, ова природно средство е многу ефикасно при контролирањето и ублажувањето на симптомите на грип.

Воедно, покрај за настинка и грип, домашниот лек ќе ви помогне во ублажувањето на болката во зглобовите, го намалува нивото на стрес и вознемиреноста, на телото му дава неверојатно количество на енергија поради моќниот витамински состав и го подобрува целокупното здравје.

Домашен сируп од морков

Потребни состојки

  • 5-6 големи моркови
  • 4-5 супени лажици сок од лимон
  • 4-5 супени лажици мед

Начин на подготовка

Најпрво добро излупете ги морковите и исечете ги на мали парчиња. Покасно, откако ќе зоврие водата, поставете ги морковите во истата и варете додека да омекнат. Во тој момент, оставете ја смесата да отстои, додека да се излади.

Сега употребувајќи вилушка, добро сомелете ги морковите во водата, а следно додадете ги и сокот од лимон и медот во смесата.

Добро измешајте ги сите состојки заедно, до добивање една хомогена смеса. Добиената смеса складирајте ја во стаклена тегла со капак.

Начин на употреба

Се препорачува да се консумираат по 3 супени лажици дневно од домашниот сируп од морков. Ова количество ќе биде доволно за брзо и ефикасно отстранување на настинката и грипот од вашиот организам.

Покрај тоа, природниот сируп може да го користите и превентивно, со консумирање на 1 супена лажица дневно, на празен стомак.

Важно е да се знае дека сирупот не треба да го консумираат луѓето кои страдаат од дијабетес.