За денес ви откриваме еден сосема поинаков ефикасен начин на слабеење, без да мора да вложите труд, а притоа да ги добиете посакуваните резултати.

Станува збор за чудесна комбинација на пире од ананас и целер.

Природниот напиток ги согорува наталожените масни наслаги околу стомакот, за многу кратко време и брзо го ослободува телото од вишокот килограми, притоа го негува здравјето, благодарение на големото количество на витамини што ги содржи.

Важно е да се знае дека домашниот напиток треба да биде додаток кон вашата здрава исхрана или диетата што ја држите. Еве како истиот да го приготвите:

Природен напиток од целер и ананас

Потребни состојки

  • 2 чаши вода
  • Сок од половина лимон
  • Стебло целер
  • 2 чаши ананас
  • 1 лажица мед

Начин на подготовка

  • Од овие состојки може да приготвите две чаши пире. Потребно е едната да ја консумирате на празен стомак, а другата да ја вметнете во вашето дневно мени.
  • Излупете и исечете го ананасот, додека да добиете 2 чаши ананас на коцки.
  • Добро измијте го целерот и исечете го на мали парчиња, за да го олесните процесот на обработка. Исцедете го лимонот за да добиете сок од истиот.
  • Додадете ги сите состојки во блендер и мешајте, додека да добиете една добро соединета смеса.
  • Тоа е сè, веќе имате готов вкусен коктел! Не заборавајте едната чаша да ја испиете на празен стомак, а останатата со еден од вашите оброци.