Можеби тоа не е нашето омилено овошје – но, еве зошто кивите треба да се дел од нашата исхрана ова лето!
Јадењето киви може да ве ослободи од лошото расположение во рок од само четири дена, покажа едно истражување. Зеленото меко овошје има висока содржина на витамин Ц, за кој одамна е познато дека ја подобрува благосостојбата.
Но, сега истражувачите веруваат дека овошјето ни дава побрзо и подолгорочно засилување на организмот од додатоците на витамин Ц. Тимот, од Универзитетот во Отаго, Нов Зеланд, спроведе осумнеделна диетална програма на 155 возрасни лица со низок витамин Ц.
Учесниците земале или додаток на витамин Ц или две киви дневно, а потоа ја пријавиле својата виталност, расположение, квалитет на спиење и физичка активност преку анкети со паметни телефони. Резултатите објавени во „British Journal of Nutrition“ покажаа дека плодовите на киви ја подобруваат виталноста и расположението во рок од четири дена, а ефектот на засилување на организмот и неговите функции достигнува максимум на околу 14-16 дена.
Додатоците на витамин Ц, од друга страна, маргинално го подобрија расположението до 12-тиот ден.
Водечкиот автор д-р Бен Флечер додаде: „Ова ни помага да видиме дека она што го јадеме може да има релативно брзо влијание врз тоа како се чувствуваме“.