Да си веган веднаш се поврзува со тоа да се храниш здраво. Но, благодарение на прехранбената индустрија која реагираше на трендот за јадење од растително потекло, видовме пораст на ултра-обработените вегански работи.

Сепак, диетите со висока содржина на црвено месо и преработено месо (како сланина и шунка) исто така го зголемуваат ризикот од болести како колоректален карцином, кардиоваскуларни болести и дијабетес .

Значи, што е поздраво – да јадете месо и месни производи како што се пити, сланина, шунка и колбаси или да ги замените со нивните вегански алтернативи, направени од низа растителни протеини и соја?

Роб Хобсон, регистриран нутриционист направи една споредба со неколку меса и нивните растителни

„близнаци“.

Растителната плескавица направена од протеин од грашок и ориз за разлика од 100% говедската плескавица е малку повисок извор на енергија, но по анализата и двата нудат добар извор на протеини.

Само што говедската плескавица има помалку состојки и конзерванс за да помогне во продолжувањето на рокот на траење на производот, додека веганската опција бара стабилизатори и емулгатори за да се обезбеди вистинската текстура и чувство на устата (како и да се продолжи рокот на траење).

Малку е веројатно дека растителната плескавица ќе обезбеди значителни количини на железо и Б12 кои се наоѓаат во плескавицата од говедско месо.

Па така нутриционистички гледано растителната опција не е поздрава од плескавицата од говедско месо и е повеќе ултра-преработена.

 

 

Пилешки nuggets и оние растителни направени од протеин од соја го добија истиот резултат. И тоа во анализата беа земени евтина марка на nuggets кои се многу повеќе преработени од поскапите. И сепак растителните испадна дека содржат повеќе состојки и адитиви, а се разбира многу поскапи.

Нутриционистички гледано , веганските опции се само малку повисоки во калории, но нутритивниот профил е прилично сличен (иако ќе им недостасува дел од хранливата густина на пилешките), имајќи предвид дека многу од состојките што се користат во веганските nuggets имаат многу мала хранлива вредност.

 

Додека пак во односот на шунка и шунка без месо (од протеин од соја и грашок) неизненадувачки нема голема разлика. Освен што онаа верзија со месо содржи повеќе сол. И двете се полни со адитиви потребни за да се создаде текстурата.

Карагенанската гума се користи интензивно во ултра-обработена храна за да помогне во згуснување и стабилизирање на производот. Покренати се прашања за проинфламаторниот ефект на овој додаток на храна и влијанието што го има и врз микробиомот на цревата, иако се потребни повеќе истражувања.