Австралискиот телевизиски водител Дејвид Кемпбел ги зазема насловните страници на тамошните медиуми откривајќи дека неговиот 4-годишен син Били тврди дека е реинкарнација на принцезата Дијана.

Момчето тврди дека тоа е покојната принцеза Дијана, која трагично почина пред 22 години.

Дејвид споделува дека со неговата сопруга Лиза дури ги тестирале знаењата на нивниот син, и останале запрепастени, кога момќето започнало да раскажува факти и детали од животот на принцезата, кои едноставно немало од каде да ги знае и научи.

Момчето без проблем ја препознало Бакингамската палата, како и дворецот Балморал. Но, она што најмногу ги уплашило родителите е тоа што момчето започнало да раскажува дека секоја вечер го посетуваат духови.

„Тие доаѓаат да ме земат, а потоа ме враќаат.“- раскажал Били.

Неговиот татко објаснува: „Сето започна кога некој на мојата сопруга и подари картичка со лицето на принцезата Дијана. Били, кој тогаш беше на 2-годишна возраст, ја погледна фотографијата и рече „Јас сум тоа кога бев принцеза““.

Детето понатаму ги шокирало своите родители со детален опис на дворецот Балморал, потоа зборувало за пријателите кои таму го посетувале и раскажало детали за британското кралско семејство, што било неверојатно изненадување за родителите, кои тврдат дека на оваа тема никогаш не се дискутирало во нивниот дом.

Тамошните медиуми продолжуваат да пишуваат дека малиот Били е реинакарнација на принцезата Дијана, но ова е само уште еден пример дека верувањето на азиските култури за оваа необична појава и во модерно време е акутелно.