Денес со вас споделуваме еден одамна заборавен рецепт за домашен раствор користен од нашите баби и прабаби, а со чија помош многу едноставно ќе добиете блескава и густа коса.

Како што по безброј пати е докажано дека бабите сепак знаат најдобро, дури и кога станува збор за деликатната нега на косата.

Со овој лековит раствор, вашата коса ќе стане побујна, блескава и значително поздрава, а станува збор за раствор од тегавец. Тој се смета за ефикасно средство против првут, а поради тоа што содржи огромно количество на витамините Ц, А и К, ја прави косата неверојатно блескава и еластична.

Во продолжение прочитајте како лесно да ги приготвите чудесниот домашен раствор.

Домашен раствор од тегавец за блескава и густа коса

Потребни состојки

  • 1 супена лажица сув тегавец
  • 250 мл вода

Начин на подготовка

Поставете 1 супена лажица сув тегавец во врела вода и оставете ја билката да се вари дополнителни 1-2 минути. Следно, оставете го растворот да се излади.

Потоа, потпете сосема обичен памучен туфер во растворот и со триење, нанесете ја течноста врз корените на вашата коса, а потоа оставете да отстои 1-3 часа, во зависност од времето кое го имате на располагање.

На крај, измијте ја косата на вообичаениот начин со шампон. Практикувајте го домашниот третман еднаш неделно, а најдобро би било тоа да го направите за време на викендите.

За кратко, ќе ги забележите посакуваните резултати. Веднаш по практикувањето на првите третмани, вашата коса ќе добие обновен и свеж изглед, а нејзината текстура ќе стане погуста.