Настапува времето од годината кога повеќето луѓе стануваат ранливи на настинки, кашлица и грип, кои настануваат како резултат на бактериски и вирусни инфекции.

За таа цел, денес ви споделуваме еден златен бабин рецепт, кој ќе ви помогне ефикасно, брзо и лесно да ја обновите функцијата на вашите бели дробови и лек кој ќе ги прочисти дишните патишта.

Бабин рецепт против кашлица

Потребни состојки

  • 250 мл млеко
  • 1 супена лажица путер
  • 1 супена лажица мед
  • ¼ кафена лажица сода бикарбона
  • 1 жолчка

Начин на подготовка

Најпрво сварете го млекото и оставете го да се излади на одредено време. Следно, додадете го путерот и медот и добро измешајте ги состојките. Потоа, додадете ја и содата и жолчката и повторно измешајте. Вашиот домашен лек е готов!

Консумирајте го лекот во текот на 5 дена, секоја вечер пред спиење, за да го добиете посакуваниот ефект.