Тие се прекрасни, тие се славни и секоја нивна појава во јавноста предизвикува бројни реакции. Станува збор за две дами од кралски семејства, кои светот ги обожава- Меган Маркл и кралицата Летиција.

Од неодамна, сосема случајно двете создадоа нешто како т.н моден дуел, при кој и двете за сосема различни настани, облекоа ист модел на црвено кожно здолниште.

Кралицата Летиција здолништето го комбинираше со елегантна бела кошула, додека пак Меган, одлучи да носи едноставна блуза во бордо тон.

Која според вас има подобра комбинација?