Надвиснатите гради се неизбежна појава, со која порано или покасно се соочува секоја жена, поради што дамите мора да се потрудат да го забават губењето на еластичноста на кожата.

Во продолжение откријте кои 7 секојдневни навики придонесуваат за спротивното и се главните виновници за појавата на надвиснатите гради:

1. Пушење цигари

Токсините кои се наоѓаат во цигарите, влијаат негативно врз состојбата на мускулните влакна, при што оваа зависност води до губење на еластичноста на кожата со текот на времето. Тоа доведува до градите да се опуштат, а никотинот воедно го намалува производството на колаген.

2. Неправилно држење на телото

Лошото држење на телото најмногу го засега грбот и градите. Доколку вашето тело често се наоѓа во неприродна положба, тоа ќе придонесе до деформирање и на самите гради, кое може да биде пропратено и со болки.

3. Недостаток на физичка активност

Уште еден главен виновник за појавата на надвиснатите гради. Долгото работење во седечка положба и пасивниот одмор, порано или покасно ги манифестираат последиците.

4. Строги диети

Дамите кои сакаат да ја негуваат и задржат добрата форма на нивните гради, треба да го избегнуваат практикувањето на разните строги диети. Кога гладуваме, во организамот настапуваат промени, кои се поврзани не само со телесната тежина, туку под стрес се наоѓаат и мускулите и кожата, кои ја губат својата еластичност.

5. Погрешен избор на градник

Ова парче од плакарот е најтесно поврзано со градите и затоа треба да обратите посебно внимание при купувањето на градник. Презатегнатиот градник ќе свиткува крвните садови и ја нарушува циркулацијата. Како резултат на тоа, ќе се настапи нарушување во крвотокот и ќе се појават неоплазми.

6. Сончеви зраци

Изложувањето на ултравиолетови зраци е причината за предвремено стареење на кожата. Затоа, сите жени задолжително треба да користат соодветни креми со заштитен фактор, за време на одморот, вклучувајќи ја особено и заштитата на градите.

7. Прекумерено консумирање на алкохол

Прекумереното консумирање на алкохол претставува голем стрес за целото тело. Алкохолните напитоци особено штетно влијаат врз кожата и придонесуваат за нејзино предвремено стареење и надвиснување.