40-годишната Кристин Грувс, од Квинсленд, ја достигнала својата најголема тежина во животот кога вагата покажала 163 килограми, бидејќи имала потешкотии да најде слободно време за слабеење.

Сега гордата мајка на три деца, открива како успеа да се ослободи од скоро половина од својата целокупна тежина, без притоа да вложи огромен труд.

Кристин отсекогаш имала проблеми со својата тежина, која постојано варирала, особено за време на секоја од нејзините три бремености, бидејќи таа страда од гестациски дијабетес.

Кога вагата покажала 163 килограми, тоа било шок за самата Кристин, но наместо да се разочарува и тагува, мајката решила работата да ја преземе во свои раце и да ја врати контролата врз своето тело и здравје.

Нејзината упорност резултираше со неверојатна трансофрмација, која ја постигна за само 22 месеци, а сега таа открива како ослабна 61 килограм и ги победи нездравите навики во исхраната.

„Имав многу, ама многу лоши навики во исхраната. Не појадував наутро, а првиот оброк го имав во попладневните часови, а веднаш потоа вечера или пак, имаше денови кога само вечерав. А тоа никогаш не беше домашно приготвено, туку готови оброци од маркет“- вели Кристин.

Во главно, мајката само се хранела со тестенини, а лазањи и шпагети болоњезе биле понекогаш нејзиното секојдневие. Меѓу оброците често консумирала претерано солени грицки.

„Мојот главен проблем беше тоа што не јадев редовно, а кога тоа ќе го направев, се хранев сосема погрешно“- објаснува мајката.

Откако достигнала тежина од 163 килограми, решила дека е време за промени и не дозволила нејзиниот дијабетес да биде изговор за нездрав живот.

Момент кој ја поттикнал Кристин била посетата на нејзината мајка, која успешно ослабнала и ја инспирирала својата ќерка и таа да си го промени животот.

„Кога ја видов, не ја препознав. Толку беше сменета и прекрасна. Си помислив, ако таа може, можам и јас“- додава Кристин.

За помалку од 2 години, Кристин изгубила 61 килограм откако започнала со секојдневно пешачење, трчење и возење велосипед и започнала редовно да јаде и да има и појадок и ручек и вечера, во определено време, а притоа ги исфрлила состојките кои ја довеле до оваа состојба.

„На почеток, првите неколку месеци ги поминав пешачејќи, а потоа полека започнав и со трчање и користење на велосипедот. Започнав редовно да појадувам и се што консумирав беше здраво и природно.“

Сега Кристин е целосно фокусирана на здравиот начин на живот, при што, како што вели, воопшто не чувствува желба за грицките и тестенините, кои претходно беа составен дел од нејзиниот живот.