Мајка од Австралија го споделува својот домашен рецепт за чистење, кој вклучува 2 природни состојки кои веќе ги имате во вашиот дом, а дава чудесни резултати за само неколку минути.

Рецептот за кратко време на вашиот шпорет ќе му даде беспрекорен и чист изглед, а еве што ви е потребно. Истовремено, подготовката нема да ви одземе многу труд и време:

Потребни состојки

  • Сок од лимон
  • Сода бикарбона

Начин на подготовка

Едноставно додадете ја содата бикарбоната во лимоновиот сок. Откако ќе се измешаат состојките, добиената смеса нанесете ја на нечистата површина од шопретот, особено и вратата од самата рерна. А потоа, со помош на гумени ракавици, добро рапространете ја течноста насекаде и со триење, насоберената нечистотија лесно ќе се отстрани.

Мајката била пресреќна што го открила овој рецепт во една Фејсбук група сочинета од мајки, при што реши јавно да го сподели и со останатите.

Бројните коментари, позитивни реакции и воодушевувања веднаш пристигнаа од останатите Интернет корисници.

„Никогаш не успеав целосно да ја исчистам рерната, сега благодарение на твојот рецепт, таа изгледа како нова. Премногу ти благодарам“- беа само дел од коментарите.