Алис Крили, од Белфаст, Ирска била зависник од лекови, до степен што земала по 100 апчиња неделно, за да избега од своите проблеми.

Мајката која успешно ја победи својата зависност и наместо тоа, времето го пополни со вежбање во теретана, сега реши јавно да ја раскаже својата приказна и отворено да зборува од лековите кои на сите им се лесно достапни во аптеките.

35-годишната жена консумирала дури до 100 апчиња неделно, а престанала да ги зема откако нејзиниот лекар ја предупредил дека доколку продолжи со својата зависност, ќе му нанесе огромни штетни последици на своето тело.

Нејзината зависност започнала во 2013-та година, кога за да избега од своите проблеми, започнала да консумира кокаин, но и таблети купени од аптека, за кои не било потребна консултација со лекар.

По предупредувачките зборови на својот лекар и безусловната поддршка од своето семејство, Алис се врати на нозе, а штетните навики ги замени со здрав живот, благодарение на одлуката да поминува во теретаната што е можно повеќе.

„Еднаш некаде слушнав дека зависноста е како торнадо. Одвнатре сè изгледа мирно, но однадвор е хаос. Мислиш дека сè е во најдобар ред, бидејќи живееш во свој затворен свет, но всушност ништо не е како што треба. Откако го средив мојот живот, сфатив колку штета сум си нанесувала самата на себе“- вели Алиса.

Таа работела како келнерка со полно време, а поради лошото друштво на нејзиното момче, брзо се навлекла на консумирањето дроги.

„Ако некој се чувствува како јас во тоа време, има проблеми и не гледа излез, го замолувам да ја донесе вистинската одлука. Нека не се препушта на илузијата која ја создаваат апчињата и дрогата, бидејќи тоа е пекол.“- за крај додава Крили.