Дали се сеќавате на вашиот омилен пар, кој не го соблекувавте во разиграните летни денови, а кој ви даваше голема удобност?

Мала доза на носталгија е секогаш добредојдена, па затоа популарните и омилени чевли од детството, повторно се вратија во мода, за да нè телепортираат во легендарните и забавни 90-те години.

Шарените гумени чевли кои во изобилство беа присутни во минатото, во 2019-та година целосно се враќаат на модниот пазар, овој пат во уште позабавна верзија, наменета и во поголем дел за возрасните, а и со еден специфичен детал.

Сандалите наместо од пластика, ќе се продаваат изработени од рециклирани материјали, правејќи ги еколошки и пријателски настроени кон животната средина, без воопшто да изгубат од својот весел шарм.

Зад конептот стои брендот Мелиса, основан во 1994-та година, кој минатата недела јавно ја објави својата колекција.