Најверојатно и вие, секој пат кога ќе откриете убод до некој инсект на вашето тело или по телото на вашето дете, го набљудувате внимателно, со цел да откриете каков вид на инсект го има направено.

Токму за оваа цел, денес ви го претставуваме следниот краток летен прирачник, за кој веруваме дека ќе ви биде од огромна помош во омилената летна сезона.

1. Крлеж

При убодот од крлеж, овој инсект внесува анестетик во кожата, при што во самиот момент на извлекување на крвта, ние од паразитот не чувствуваме ништо. Опасноста од неговиот убод се крие во фактот што крлежите се преносители на сериозни заболувања, како што е лајмска болест.

2. Оса

Осата можеби нема да ја забележиме, колку и изненадувачки да звучи, но нејзиниот убод дефинитивно нема да остане незабележан. Убодот може да се манифестира со вцрвенување и чувство на горење на кожата, проследени со оток. Истите може да бидат проследени со висока температура и главоболка.

3. Пчела

Отровот од пчелата не е толку токсичен, но сепак овој инсект може да предизвика сериозна алергиска реакција. При убодот, пчелата умира, оставајќи ги нејзиното жило во нашето тело, кое треба да биде отстрането..

4. Болва

Најчесто, болвите прават неколку кратки убоди на човечкото тело, па така нивното идентификување е сосема лесно. Убодите изгледаат како мали црвени точки, кои е најдобро да се воздржите да не ги чешате, со цел побрзо да заздрават.

5. Коњска мува

Убодот од овој инсект исто така не може да остане незабележан. Проследен е со силен јадеж, кој може да предизвика зашеметеност.

6. Дрвеници

Кога по будењето, на вашето тело ќе забележите масивни убоди, распоредени едни до други, тогаш истите најверојатно се предизвикани од дрвеници.

7. Комарец

Речиси и да не постои човек кој не бил каснат од комарец. Нивните убоди изгледаат како розови во форма на капка или круг. Обидете се да не ги чешате убодите, бидејќи во спротивно само ќе ја засилите нивната рекација.

8. Пајак

Со исклучок на видовите како што се црната вдовица или каракурта, повеќето убоди од пајаците на овие простори се безопасни. Може да утврдите дека сте каснати од пајак ако на вашето тело забележите 2 карактеристични точки.

9. Мравка

Интересно е што мравките всушност не касаат, туку испуштаат мравја киселина, која предизвикува болка пропратена со чувство на горење, а областа брзо станува црвена и се појавува мало меурче, слично на белег од изгореница.