Запознајте ја Сушмита – жената која е горда сопственичка на најубавата и најгуста коса на светот. Таа доаѓа од Индија, а воедно се смета за вистински експерт кога станува збор за правилната нега на коса.

Сега Сушмита ја открива нејзината тајна, односно 4-те златни совети благодарение на кои има коса од соништата!

1. Користете сок од алое вера

Исечете неколку листови од алое вера, а секој лист исечете го на половина, за да истече сокот. Нанесете го сокот на корените од косата, со масирачки движења. Масажата ќе ја подобри циркулацијата. Оставете ја маската да дејствува 2 часа.

2. Направете домашна маска со Пантенол

Оваа маска не само што ќе ја потикне косата да расте значително побрзо, туку и ефикасно ќе го спречи косопадот. Измијте ја косата на вообичаениот начин. Нанесете пантенол (пена или гел) врз чистата коса, а најмногу обратете внимание на корените. Пантенолот може да го нанесете и по целата должина на косата.

3. Исплакнете го скалпот со студена вода

Обидете се овој совет да го претворите во навика. Студената вода ги затвора порите и ја подобрува циркулацијата на крвта, што од своја страна доведува до побрз раст на косата, која дополнително ќе стане поблескава.

4. Исплакнете ја косата со јаболков оцет

Доволно е ова да го правите само неколку пати месечно. Оцетот ги обновува фоликулите на косата, со што истиот ќе стане вашиот најдобар сојузник во целта да имате неверојатно густа коса.

Исто така Сушмита ги советува дамите дека многу корисно е за косата да користат етерични масла, како и домашни маски, меѓу кои најмногу ги препорачува домашни маски на база на белка или јајце и коњак.