Секој од нас барем еднаш го има пробано овој зеленчук, Толку сме навикнати на него што понекогаш не забележуваме колку е уникатен, мислејќи дека само може да нè заштити од настинките.

Станува збор за лукот, а ова се златните причини зошто истиот треба секојдневно да го консумираме:

1. Ќе станете попривлечни

Лукот ги прави мажите попривлечни. Можеби звучи чудно, но неодамнешните истражувања покажуваат дека жените „лудуваат“ по мирисот на телото на мажот кој јаде лук. Можеби причината лежи во антимикробни својства што го прават мирисот на пот помалку остар, речиси неприметлив.

2. Ќе го зајакне вашиот имунолошки систем

Факт е дека лукот ве штити од најразлични вируси и настинки, но научниците уште еднаш потврдија дека лукот треба редовно да се консумира за да се заштитите од настинките и грипот, особено во текот на зимскиот период.

Ова е затоа што лукот содржи многу витамини, корисни масла и аминокиселини. Воедно содржи у алицин – органско соединение кое ефикасно ги убива бактериите и габите. Важно е да го консумирате лукот во свежа форма.

3. Вашиот крвен притисок ќе се стабилизира

Доколку страдате од висок крвен притисок, додадете лук во вашето дневно мени, бидејќи истиот ги проширува вените и го намалува притисок при артериите.

Лукот го намалува и нивото на лош холестерол во крвта за 10 до 15%. Што значи дека ризикот од срцеви заболувања или мозочен удар е намален за скоро двојно, при неговата консумација.

Сепак, имајте на ум дека овој метод не може да се користи како единствена терапија и треба да се консултирате со вашиот лекар пред да користите лук или други додатоци во вашата исхрана.

4. Ќе се подобри состојбата на косата и кожата

Лукот го поттикнува растот на косата со тоа што ја прави подолга и густа. Може дури и да излечи алопеција.

За да се постигне овој резултат, треба да се примени директно на скалпот. Ова е причината зошто бројни козметички компании лансираа производи на база на лук.

Што се однесува до кожата, клетките одговорни за обновување на кожата имаат позитивна реакција на лукот. Две чешниња лук на ден се доволни за природен развој и производство на колаген и еластин.

Лукот е дури и одличен за сончање. Компонентите што ги содржи ја штитат кожата од стареење. Сончевите зраци нема да ја вашата исушат кожата доколку консумирате повеќе лук.