Иако можеби помисливте дека искуството и големината на половиот орган се знаците кои покажуваат дека мажот е најдобар во кревет, истражувањето објавено во списанието Socioaffective Neuroscience & Psychology докажа дека мажите со една особина се подобри во интимните односи.

Експертите се обидоа да откријат кои се најдобри во интимните односи и кои редовно доживуваат оргазам со испитување на интината историја на жените. Резултатите покажаа дека чувството за хумор е најдобриот знак дека мажот е исклучително вешт во кревет.

Истражувањето е спроведено врз жени до 69-годишна возраст кои не се во врска или брак, притоа истите за време 70-минутен тест одговориле на различни прашања за нивниот интимен живот. Истражувачите намерно не ги испитувале зафатените жени затоа што сметаат дека ќе се чувствуваат должни да дадат подобра оценка на нивниот сегашен партнер, дури и ако тој навистина не го заслужува тоа.

Така, врз основа на нивните одговори, откриено е дека најдобри во интимните односи се хумористични мажи, бидејќи чувството за хумор укажува на тоа дека мажот е опуштен во различни ситуации, вклучително и интимните. Ова е од суштинско значење за добра комуникација помеѓу жена и маж, што резултира во добар однос.

Покрај тоа, друг квалитет што се истакнува во одговорите на испитаничките е креативноста. Според дамите, креативните и хумористични мажи покажуваат поголем интерес да ги задоволат своите партнерки на секој можен начин, за разлика од мажите кои не ги поседуваат овие квалитети.