Оргазамот е крајната фаза на еден сексуален чин и се манифестира со чувство на сензационално задоволство. Тој е контролиран од автономниот лимбичен систем, а кај двата пола, за време на оргазамот се зголемува активноста на различни делови на целебралниот кортекс.

Дефиниран и како ослободување на акумулираната сексуална тензија,  доживувањето на оргазам и неговиот квалитет зависат од многу фактори, меѓу кои и самото либидо.

Колку поголемо е либидото, толку поголем и самиот оргазам. Врз состојбата на либидото влијаат хормоните како и психолошките фактори. Еден од наједноставните начини за негово обновување, поттикнување и зголемување е токму правилниот избор на исхрана.

Сега шпанските научници при 14-неделното истражување спроведено на универзитетот Ровира и институтот Вирџли, тврдат дека мажите кои биле учесници, одговориле дека по консумирањето на еден вид на храна особено им овозможува да имаат подобри оргазми.

Во истражувањето учествуваа вкупно 83 здрави мажи, на возраст од 18-35 години, без здравствена историја на еректилна дисфункција, а притоа учесниците беа поделени во две групи.

И на двете групи им било кажано да продолжат со својот вообичаен начин на живот, односно да продолжат да ја консумираат истата храна како што тоа досега го правеле, но на едната група им била дадена дополнителна храна, која е заслужна за позитивните резултати.

Станува збор за јаткастите плодови. Односно, консумирањето 60 грама ореви, лешници и бадеми секојдневно, може значително да ја зголеми сексуалната желба кај мажите, а со тоа да им овозможи и подобри и поквалитетни оргазми.

Научниците веруваат дека хранливите материи кои влегуваат во составот на оревите помагаат во подобро пренесување на сигналите до пенисот, со што се зголемува самата чувствителност и перформансот.

Антиоксидансите, кои во изобилство ги има во оревите, позитивно влијаат врз кардиоваскуларниот систем, а правилната циркулација на крвта  е клучна и директно поврзана со зголеменото либидо.

5 видови на храна кои го нарушуваат либидото и ја намалуваат желбата за интимни односи