Иако грубата и мртва кожа на стапалата ви изгледа како невозможна работа за отстранување, сепак имаме добри вести за вас- Постојат неколку брзи и едноставни работи кои може да ги направите за да вашите стапала бидат меки и нежни 365 дена во годината!

1. Секојдневно отстранување на мртвата кожа

Секојдневното чекорење и притискање на стапалата, особено доколку поголемиот дел од времето се движиме во несоодветни чевли, тоа може да резултира со појава на плускавци и непријатни меурчиња на кожата на стапалата, кои главно се составени од мртви клетки.

За да ја обновите кожата, притоа истата да стане мека и нежна, потребно е стапалата да ги негувате секојдневно, односно секојдневно да ја отстранувате мртвата кожа.

Тоа може да го постигнете употребувајќи пемза или пила, а самата мртва кожа полесно ќе ја отстраните доколку стапалата претходно ви биле потопени во топла вода, купка или едноставно користете ја пемзата за време на туширањето.

2. Одржувајте ја хидратацијата на стапалата

За разлика од останатите делови од телото, стапалата се најмалку негуваните, бидејќи едноставно често забораваме дека и ним им е потребно негување и нанесување хидратантни средства.

Тоа најдобро е да се направи по купката или тушот, откако сте направиле ексфолијација на кожата на стапалата користејќи ја пемзата, при што пред легнување не заборавајте токму на тој важен чекор- хидратирањето на истите.

Во продолжение откријте како ефикасно и брзо да ја направите ексфолијацијата, користејќи го следниот пилинг.

Рецепт за најдбриот пилинг за нежни и меки стапала

Потребни состојки

  • 1 шолја англиска сол (магнезиум сулфат)
  • 1 шолја кокосово масло
  • 2 супени лажици мед
  • 10 капки масло од портокал (Доколку немате масло од портокал, слободно може да употребите било какво друго есенцијално масло)

Начин на подготовка

Стопете го кокосовото масло на воедна пареа, а потоа додаде ја англиската сол и добро измешајте ги состојките. Потоа додадете го медот и на крај капките од есенцијалното масло.

Сето тоа добро измешајте го, а добиената смеса складирајте ја во стаклен сад, за да може да ја употребите повеќе пати.

Пракиткувајте го третманот со пилингот 3 пати неделно.