Ракот на белите дробови, за жал е многу често заболување во денешно време. Секоја година, на околу 1 милион луѓе им се дијагностицира оваа тешка болест, што го прави еден од најзастапените видови на рак.

Што претставува болеста?

Ракот на белите дробови е онколошко заболување, при кое, кај епителот на бронките се образува малиген тумор, кој постепено се зголемува во обем.

Кога туморот ќе достигне 4-6 цм, кај луѓето започнуваат да се појавуваат метастази, кои со текот на времето се прошируваат и на останатите внатрешни органи. При овој дел, најчесто заболува црниот дроб, бубрезите, коските и мозокот.

Колкав е просечниот животен век на луѓето на кои им е дијагностициран рак на белите дробови?

Голем дел од продолжувањето на животниот век на пациент кој боледува до рак на белите дробови, зависи од тоа во кој стадиум е откриена болеста.

Прв стадиум

Во првиот стадиум, туморот има обем од 3 цм и во мала мера ги има зафатено белите дробови и вообичаено ракот во овој стадиум се открива при рутински лекарски преглед.

Доколку се открие тогаш, односно навреме, може да се каже дека тој пациент имал среќа, бидејќи оваа болест во ран стадиум добро реагира на третманите за лекување и на современата медицина, во 85% од случаите, пациентите преживуваат, а истовремено 90% имаат шанса за продолжен живот на 5 години.

Втор стадиум

Во овој стадиум, туморот достигнува обем од 3-6 цм и се појауваат поединечни регионални метастази. Може да се каже дека ракот во втор стадиум е критичен момент.

Целосното лекување кое вклучува и операција, хемотерапија, придонесува за постигнување на 40-45% преживеаност кај пациентите.

Сепак, доколку лекувањето не започне во оваа етапа, повеќето пациенти имаат продолжен животен век на само уште 2 години.

Трет стадиум

Во третиот стадиум, ракот на велите дробови веќе достигнал обем од над 6 цм, веќе започнал да се развива во соседните бронхии.

Во овој стадиум, ефективноста на третманите на лекување значително се намалува и само 15-20% од пациентите доживуваат да живеат повеќе од 5 години, а повеќето пациенти, за жал, умираат во рамките на 1-2 години.

Четврт стадиум

Во овој етап, ракот започнува да расте надвор од белите дробови и метастазите достигнуваат до највиталните органи на човечкиот организам.

Третманите во оваа фаза не се насочени против болеста, бидејќи нема ефект, туку кон подобрување на квалитетот на животот на пациентот.

Сепак, пациентите умираат во рамките на 6-12 месеци.