Некој некогаш рекол дека трпезата без компири, е како забава без музика. Затоа, не е никакво изненадување што овој зеленчук на база на нишесте уште се нарекува и „втор леб“.

Статистиките покажуваат дека тенденцијата за годишно консумирање на компири постојано е во пораст.

Повеќето од нас ги обожаваат компирите, бидејќи тие се одличен додаток во нашето секојдневно мени.

Иако не се опасни, ниту отровни, сепак според мислењето на врвните лекари, одредени луѓе не треба да го консумираат овој зеленчук.

Состав на компирите

200 грама компири содржат 14% од дневниот внес на витамин Ц и половина од дневниот внес на калиум, кои се витални за нашите крвни садови и коски. Воедно содржат и големо количество на витамин Б6, кој го зајакнува нервниот систем.

Компирите ги содржат и едни од најефикасните антиоксиданти, кои го штитат срцето и крвните садови и го спречуваат предвременто стареење.

Сепак постојат луѓе со одредени здравствени состојби кои не треба или барем да ја намалат консумацијата на овој зеленчук.

Кои луѓе не треба да консумираат компири?

1. Луѓе кои страдаат од дијабетес

Според експертите од Хардвард, кои поминале 20 години во истражување и анализирање на 85.000 пациенти, заклучиле дека компирите може да доведат до развој на дијабетес тип 2.

2. Хипертензија

Друго истражување утврди дека жените кои консумираат 4-5 порции печени или варени компири на неделно ниво, имаат за 11% зголемен ризик од појава на хипертензија, за разлика од оние кои не консумираат повеќе од 1 порција.

3. Болести во зглобовите

Некои пациенти изјавиле дека болките во зглобовите им се влошуваат при консумација на компири, домати и модар патлиџан. Основната причина за таа реакција е застапеноста на тропанов алкалоид, на кој многу луѓе се чувствителни.

4. Алергија

Алергијата на компирите е многу ретка појава, а најчесто децата страдаат од истата. Симптомите се слични на секоја вообичаена алергија на храна, а најчест симптом е осипот и подуеност на усната лигавица, веднаш по консумирањето на производот.

Како да ги приготвите компирите, за да ги намалите негативните последици, доколку страдате од некои од овие болести

  • Избегнувајте консумирање на престари компири кои предолго биле изложени на Сонце.
  • Гответе ги заедно со нивната кора.
  • Најдобро е да ги консумирате во варена форма.