Како и секоја ферментирана храна, киселата зелка има неверојатни ползи за нашето здравје, а еве кои се тие.

1. Ја подобрува дигестијата

Киселата зелка е одличен извор на хранливи влакна, кои се од големо значење за правилната дигестија. Таа помага при опстипација, ја подобрува функцијата на цревата и ја спречува појавата на грчеви и подуеност на стомакот.

2. Ја зголемува енергијата и го зајакнува имунитетот

Високото количество на железо, присутно во киселата зелка ја зголемува енергијата и подобрува циркулацијата на крвта, при што ја спречува појавата на анемија, а воедно киселата зелка се смета за еден од најголемите зајакнувачи на имунитетот, која ефикасно ги регенрира клетките и го стимулира производството на колаген.

3. Здрави коски

Киселата зелка е богата со антиоксиданти, кои имаат моќни антивоспалителни својства. Редовната консумација на овој зеленчук ефикасно ја намалува болката во било кој дел од телото, предизвикана од разни воспалувања.

4. Ја спречува појавата на рак

Според неодамнешни истражувања, моќните антиоксиданти во киселата зелка ефикасно ги уништуваат слободните радикали, кои го поттикнуваат создавањето на канцерогените клетки.

5. Го подобрува срцето и состојбата на кожата

Високото количество на хранливи влакна во киселата зелка позитивно влијае во подобрувањето на кардиоваскуларната функција, додека пак, витаминот А ја подобрува состојбата на кожата, правејќи ја истата беспрекорна.