Во вашата кујна веќе се наоѓа состојката која е клучна за беспрекорната кожа. Станува збор за содата бикарбона, која ефикасно ги заменува купечките пилинзи и скапи креми за лице.

Нејзиниот ефект е неверојатен: Кожата станува мазна и освежена, исто како по пилинг направен во козметички салон, а дополнително, содата ефикасно ја прочистува кожата, го затегнува лицето и ја намалува видливоста на брчките.

Токму поради оваа причина, за денес ви откриваме рецепт за домашна маска од сода бикарбона, која ќе го подмлади лицето и ќе ви даде совршен и беспрекорен изглед!

Домашна маска со сода бикарбона за подмладена и беспрекорна кожа

Потребни состојки

  • Половина краставица
  • 1 кафена лажица сода бикарбона
  • Половина кафена лажица јаболков оцет
  • 1 кафена лажица овесна каша
  • 1 кафена лажица мед
  • 1 белка

Начин на подготовка и употреба

Добро измешајте ги сите состојки заедно, користејќи блендер, до добивање на една соединета смеса. Нанесете ја добиената смеса врз чисто лице и оставете ја маската да дејствува 15 минути.

Нанесете ја маската со нежни масирачки движења, а на крај исплакнете го вашето лице со топла вода.

Покрај моќта на содата, чудесните активни својства на медот, краставицата и овесните снегулки длабоко ќе навлезат во кожата, прочистувајќи ја истата и давајќи му свеж изглед на вашето лице.