Првото нешто на кое треба да обратите внимание е на дизајнот на самиот паричник. Според експертите, истиот треба да биде подолг и поголем, за да можат парите да бидат добро подредени.

Второ, паричникот секогаш треба да биде чист и уреден, па затоа ослободете се од сите непотребни работи кои ги носите во истиот, како стари сметки и слично.

Каква боја треба да биде паричникот?

1. Црвен паричник

Кога станува збор за успехот и престижот, финансискиот напредок најдобро се поврзува со црвената боја. Црвеното има ја има енергијата на оганот и Сонцето, а во Кина и Индија, оваа боја се смета за боја на среќата. Доколку сакате во вашиот живот да внесете позитивна енергија и огромни парични приходи, тогаш изберете црвен паричник.

2. Црн паричник

Многумина имаат паричник токму во оваа боја, а истата во 2020-та може да ви донесе огромно богатство и просперитет. Доколку сакате да напредувате во кариерата или да имате напредок во бизнисот, изберете црн паричник.

3. Кафеав паричник

Доколку сакате да ги зголемите вашите финансиски заработувања или имате навика едноставно да трошите многу, изборот на кафеав паричник ќе ви помогне да ги контролирате финансиите и да заштедите во новата година.

4. Зелен паричник

Според фенг-шуи, зелената боја во домот ја зголемува позитивната енергија, а носењето на зелен паричник во 2020-та, ќе ви помогне да создадете нови извори на финансиски приходи. Тоа може да биде во форма на нови контакти, проекти и слично.