Неверојатно, но факт е дека содата бикарбона ефикасно помага во отстранувањето на здебелената и пожолтена кожа, притоа го решава и проблемот со испуканите пети.

Без да употребувате специјални креми или масла, благодарение на овој единствен производ, кожата на вашите стапала ќе стане беспрекорна и совршена.

Доколку носите неудобни чевли или неправилен број, имате пошироки стапала, испакната коска, проширени вени или вашите стапала често се подуени, тогаш подобро средство од содата за сите овие проблеми, нема!

Домашен третман со сода бикарбона за беспрекорни и здрави стапала

Ќе ви биде потребно

  • 5 кафени лажици сода бикарбона
  • Малку гел за туширање
  • Неколку капки етерични масла (лимон, лаванда, портокал)

Начин на подготовка и употреба

  1. За подобар ефект на третманот, најпрво потопете ги вашите стапала во топла вода, на 5 минути.
  2. Измешајте ги содата, етеричните масла и малку од гелот за туширање, до добивање на паста. Добиената смеса нанесете ја на кожата на вашите стапала, притоа истворемено правете лесни масирачки движења.
  3. Доколку вашата кожа е претерано груба, може при третманот да користите и пемза, за подобро нанесување на природната паста.
  4. На крај, измијте ја содата и нанесете навлажнувачка крема.

Потребно е домашниот третман да се практикува 2 недели за да се постигнат посакуваните резултати. Маската од сода, покрај горенаведените проблеми, ефикасно помага и при габична инфекција.