Со текот на времето, по долготрајната употреба, разни дамки и секакви непријатни мириси се наталожуваат на душекот. Покрај тоа, неговата површина се зафаќаат многу ситни и речиси незабележителни грини.

Како лесно да го исчистите душекот од грини?

Американците се многу внимателни кога станува збор за хигиената во нивниот дом, па според нив, најефикасниот и најбрз начин како лесно да го исчистите душекот од грини и дамки е следниот.

Најпрво, потребно е со правосмукалка да ја исчистите површината на душекот. На истиот не треба да има никакви дамки, тронки, влакна или остатоци од мртви клетки.

Потоа, потребно е да нанесете сода бикарбона врз целата негова површина.

Оставете ја содата да дејствува 20 минути, а потоа повторно со правосмукалката, исчистете ја од површината на душекот. Благодарение на овој едноставен трик, содата ќе ги елиминира сите штетници и ќе ја апсорбира влагата од душекот.

Како лесно да се ослободите од дамките на душекот?

За жал, обичната сода нема многу да ви помогне во отстранувањето на дамките од душекот, но без грижи. За оваа цел, на местото на дамката едноставно треба да нанесете спирт или вотка. По половина час, поминете преку дамката со крпа и сапун. На крај, повторно поминете врз дамката со влажна крпа и исушете со фен.

Како брзо да го отстраните непријатниот мирис на душекот?

Најлесниот начин како брзо да се ослободите од непријатниот мирис на вашиот душек е истиот да го оставите неколку дена на отворено.

Вториот трик кој ефикасно ќе ви помогне за истата цел е, врз површината на душекот да нанесете сол и истата да ја оставите да дејствува преку ноќта. А следното утро, исчистете ја солта со правосмукалка.