Сигурно веќе ви е позната малата фиока под рерната, во која наоѓаме место за складирање на тавите, скарата и евентуално елементите кои доаѓаат во комплет со уредот? Всушност речиси цело време погрешно сме ја употребувале!

Иако можеби најлогично ви изгледа таму да ги складирате садовите за печење, всушност намената на таа фиока е сосема поинаква.

Без да должиме понатаму, фиоката под рерната е дизајнирана со цел таму да се поставуваат јадењата, откако ќе ги приготвите, за да останат подолго време топли, додека да дојде време за ручек или вечера.

Затоа следниот пат кога ќе планирате да ја затоплите вечерата во микробрановата печка, додека да пристигнат вашите гости, едноставно поставете го јадењето во фиоката, додека ги чекате. Така јадењето ќе остане пријатно затоплено, додека да биде вкусено.