Современата убавина бара инвестирање и квалитетни производи, а тоа дамите најдобро го знаат. Секоја жена, секојдневно се труди да изгледа беспрекорно.

Но, всушност за таа цел, не е потребно да потрошите големо богатство, бидејќи денес ви откриваме како може да изгледате како од рекламите, без да го нарушувате вашиот домашен буџет.

Косата како основен акцент

Основниот акцент на еден целокупен изглед, без дискусија, е совршената фризура. Но, не секој има можност, пари или пак време често да го посетува фризерскиот салон, при што во продолжение ви претставуваме 9 домашни третмани со кои постигнете подеднаков извонреден ефект!

1. Правилно мијте ја вашата коса

Дури и домашните услови може да ја направат вашата коса блескава. Клучниот дел е да користите шампони и балсами за коса кои содржат кератин и масла, како и со биотин-витамин, кои косата ќе ја обновата, излечат и ќе го вратат нејзиниот сјај.

2. Употреба на маски

Периодичното користење на маски ќе ви овозможи здрава, густа и одржана коса. Најдобро е да користите маски со аминокиселини.

3. Производи кои не се мијат

Тоа се видови на стимуланти и масла на база на кератин, растителни екстракти и комплекси од витамини, а нивната редовна употреба ќе го спречи оштетувањето на косата, особено на расцветаните краеви и ќе ви дадат блескав изглед.

4. Домашен ботокс ефект

Овој домашен третман е особено популарен меѓу дамите кои секогаш сакаат да изгледаат скапо и гламурозно, а истиот се состои во нанесување на косата комбинација од аминокиселини, хијалуронска киселина, кератин и витамини. Третманот ја обновува бојата на косата, ја прави нејзината тексура мазна, здрава и блескава.