Овој текст е повеќе како еден вид на совет за мажите, а но секако нема да им штети ниту дамите да прочитаат за нивните најдобри особини, што ги прават различни и уникатни.

Доколку сакате да бидете во тек со „хороскопските случувања“ погледнете ја мобилната апликацијаХороскоп на македонски јазик, која можете бесплатно да си ја инсталирате на вашиот мобилен телефон преку Google Play (кликнете овде).

1. Жената Овен

  1. Полна со живот и енергија.
  2. Никогаш нема да чека на вас како паразит, бидејќи таа е неверојатно независна.
  3. Секогаш ќе ви ја каже вистината во очи, бидејќи е многу искрена и никогаш дволична.
  4. Не се вљубува често, но кога тоа ќе се случи, го прави вистински и од срце.
  5. Неверојатно добра и страстена љубовница.

2. Жената Бик

  1. Практична, умна и тактички настроена.
  2. Таа е вистинска кралица! И по начинот на облекување и однесување.
  3. Ќе ви ја покаже нејзината убавина од секој аспект.
  4. Многу стабилна партнерка, која секогаш ќе биде до вас во најтешките моменти.
  5. Секогаш ги реализира нејзините уникатни идеи.

3. Жената Близнаци

  1. Комуникативна, умна и аналитичка
  2. Со неа никогаш нема да ви биде здодевно.
  3. Секој ден ќе ве поттикне да откривате нови чувства и емоции.
  4. Доколку имате валкана интимна фантазија, ова е вистинската жена со која можете да ја исполните истата.
  5. Бидете сигурни дека таа повеќе ќе ви шета низ мислите, отколку вие во нејзините.

4. Жената Рак

  1. Од километри ќе познае доколку нешто ве мачи и ќе пронајде начин да ви помогне.
  2. Семејството и домот за неа се на прво место.
  3. Не е од жените кои ги обожава скапите работи, односно една скината роза ќе ја направи многу посреќна.
  4. Доколку ја почитувате, бескрајно ќе ви биде верна.
  5. Совршената мајка на вашите деца.

5. Жената Лав

  1. Таа е многу великодушна, самоуверена и достојна дама.
  2. Спремна е дури и да убие, за луѓето кои ги сака.
  3. Неверојатно атрактивна, при што секогаш ги собира погледите на сите во просторијата.
  4. Способност за анализирање.
  5. Може да ве направи да се чувствувате посебен, специјален и неповторлив.

6. Жената Девица

  • Ќе ви биде безусловна поддршка.
  • Неверојатно лојална партнерка, која сака за цел живот.
  • Има решение за секој проблем.
  • Едноставно прекрасна личност, која понекогаш личи на ангел.
  • Принципиелна жена, што е реткост во денешно време.

7. Жената Вага

  • Ќе ве научи што е тоа вистинска љубов.
  • Умна, интересна и едуцирана.
  • Ќе ви помогне да размислувате пообјективно.
  • Секогаш ќе ви го даде она што ви е потребно во моментот.
  • Извонредно праведна, одговорна и хумана.

8. Жената Скорпија

  1. Најстрастната жена која некогаш ќе ја запознаете.
  2. Не се плаши да ви ја каже вистината во очи.
  3. Необично интересен карактер, комбинација од оган и лед.
  4. Со неа можете да зборувате за било што, бидејќи таа нема предрасуди.
  5. Секогаш ќе ја покаже нејзината благодарност.

9. Жената Стрелец

  1. Не е жена, туку Сонце.
  2. Секогаш насмеана, опуштена, забавна, вистинска.
  3. Не знае за злоба.
  4. Комбинација од страстена жена и наивно дете.
  5. Таа единствена која може да ја опушти вашата душа и благодарение на која ќе заборавите на сите ваши проблеми.

10. Жената Јарец

  1. Неверојатно амбициозна и успешна жена.
  2. Никогаш нема да ви ја полни главата со „женски глупости“.
  3. Независна, самоуверена и партнерка на која секогаш ќе се гордеете.
  4. Никогаш нема да ве изнервира, бидејќи има вродена самоконтрола.
  5. Таа има чудесна способност да има успешна кариера, притоа да биде и извонредна мајка и сопруга.

11. Жената Водолија

  1. Таа е интересна, различна и уникатна.
  2. Ќе ви го сврти паметот и сите ваши погледи кон светот.
  3. Верна пријателка со огромна имагинација.
  4. Никогаш нема да ве гуши, притиска или спречува да направите било што.
  5. Неповторливо чувство за хумор, пропратено со ум, кој се граничи со генијалност.

12. Жената Риби

  1. Нежна, сочувствителна, мила, мудра и дружељубива.
  2. Таа е жена во вистинска смисла на зборот.
  3. Во нејзино присуство, секогаш ќе се чувствувате спокојни.
  4. Умее многу добро да ве сослуша, да ве разбере и да ви ја даде потребната поддршка за вашите идеи и планови.
  5. Спремна е во секое време да ја подари нејзината љубов.