За да го одржите здравјето на вашето срце, не е само потребно да негувата здрав начин на исхрана и живот, туку и да ги отстраните сите оние работи кои би можеле да ви наштетат.

Некои од производите на кои сите ние од време на време знаеме да им се насладуваме, всушност штетно влијаат врз здравјето на нашето срце.

Дури и доколку не можете целосно да ги исфрлите од вашето дневно мени, сепак врвните кардиолози препорачуваат да ја намалите нивната консумација колку што најмногу можете.

Во продолжение прочитајте кои 4 видови на храна се најштетни за здравјето на срцето

1. Пржени компири

100 грама пржени компири содржат 8 грама трансмасти. Овие компоненти со неприроден состав, често се образуваат при производството на путер. Истите го зголемуваат нивото на холестерол во крвта, а со тоа го зголемуваат и ризикот од појава на разни кардиоваскуларни болести.

Општо секоја храна во пржена форма, кардиозолозите ја означуваат како штетна за срцето.

2. Црвено и преработено месо

Разните видови на преработено месо, како што е и самата сланина, кога се консумираат во огромни количини, штетно влијаат врз здравјето на срцето. Особено консумирањето на црвено месо, кое предизвикува нарушување на функцијата на дигестивниот систем, исто така го зголемува холестеролот, како и самиот ризик за појава на кардиоваскуларни болести.

3. Пица

Само 1 парче пица содржи 10 грама масти, од кои 4.4 грама се незаситени. Доколку сте голем обожавател на пица, тогаш обидете се да не консумирате повеќе од 1 парче и повеќе претпочитајте ги пиците со зеленчукови додатоци, наместо со месо.

4. Житарици

Веќе знаете дека срцето не ги обожава многу јаглехидратите и месото, а самите житарици се извор на брзи јаглехидрати. Поради високото количество на шеќер што влегува во нивниот состав, по нивната консумација, се зголемува и нивото на шеќер во крвта.

Според одредени истражувања, прекумереното консумирање на житарици го зголемува ризикот од појава на кардиоваскуларни заболувања.

На листата на видови на храна кои се штетни за здравјето на срцето и чие консумирање треба да го ограничите, според кардиолозите, се и белиот леб, како и солта.