Сите ние знаеме дека високото ниво на шеќер во крвта автоматски доведува до состојба на преддијабтес, па дури и дијабетес, доколку навремено не се преземе соодветна грижа за здравјето.

Затоа, од исклучително голема важност е да можеме да ги распознаеме појавите на високо ниво на шеќер во крвта.

Кога нивото на шеќер во крвта ќе се зголеми и истото ќе стане премногу високо, човекот паѓа во состојаба на хипергликемија, која се манифестира преку следните симптоми на високо ниво на шеќер во крвта:

  • Жед
  • Често уринирање
  • Зголемен пулс
  • Силен замор
  • Стомачни непријатности
  • Потешкотии при концентрацијата
  • Постојано чувство на глад
  • Сувост во устата
  • Сува кожа пропратена со чувство на чешање
  • Повторувачки инфекции
  • Заматување на видот
  • Бавно заздравуање на рани
  • Проблеми со нервите
  • Импотентност
  • Зголемување на телесната тежина

Хипергликемијата може да биде предизвикана од најобични работи како прекумерено консумирање на газирани пијалоци, недостаток на физичка активност, прекумерено консумирање храна, стрес, заболување и сл.

Најдобриот начин да се утврди присуството на хипергликемија во организамот е да се измери нивото на шеќер во крвта.

Важно е да се знае дека високото ниво на шеќер во крвта е симптом на дијабетес, но не секогаш тоа значи дека личноста страда од оваа болест. Затоа, сепак потребна е лекарска консултација и следење на здравствената состојба.