За дамите кои водат активен живот, проследен со многу обврски, им советуваме да одвојат време кое ќе го посветат лично за себе и за свои креативни активности. Ова хоби не само што ќе ве врати во детството, туку ќе ја разбуди вашата уметничка природа. Можеби не се сите родени со талент за цртање, но познато е дека со редовна пракса се стекнуваат неверојатни вештини.

Така дами, ве советуваме да одберете соодветни бои и платно и да започнете со цртање и боење.

 

Можете да цртате и на стакло со соодветни бои, со вашите ремек дела украсете го домот

 

Играјте на платно, нијансирајте и мешајте бои

 

Одберете шаблони или сами нацртајте ги, потоа секој детал внимателно обојте го

 

Искористете ги годишните времиња како едноставни мотиви

 

Нацртајте ги омилените парчиња гардероба, кои може да ви послужат и како модел кој подоцна ќе го сошиете