Хемороидите се сметаат за најчестото заболување при аналната област, кои се особено застапени кај луѓето на возраст меѓу 45 и 65 години. Тие се определуваат како повреда на крвните садови на анусот.

Тие може да се развијат внатре во анусот (внатрешни хемороиди), но исто така може да се појават и надвор од анусот (надворешни хемороиди).

Иако тие може да бидат пропратени со болка, всушност ретко предизвикуваат долгорочни здравствени проблеми и не се поврзани со појавата на рак. Понекогаш предизвикуваат појава на крв во изметот, а статистиката покажува дека луѓето со хемороиди ретко посетуваат лекар, бидејќи чувствуваат срам.

Причина за појава на хемороиди

  • Напор за време на движењата на цревата
  • Долго време поминувате во тоалетот, додека притоа користите електронски уред, како вашиот телефон.
  • Опстипација или дијареја
  • Бременост
  • Возраста, која предизвикува ослабнување на ткивата
  • Тумор на абдоминалната празнина
  • Поминувате долго време во седење
  • Опстипација со тврд и сув измет

Признаци и симптоми за хемороиди

Симптомите на надворешните хемороиди вклучуваат:

  • Капки на крв на тоалетната хартија и во тоалетната школка
  • Крвните садови се подуени и надѕираат од анусот
  • Тврда и болна грутка во близина на анусот
  • Болки за време на движењата на цревата
  • Секрет произведен од лигавицата со пролапс
  • Чувство на чешање при анусот и дразнење
  • Опстипација поради болка

Лекување на надворешните хемороиди

Основната цел на лекувањето е отстранување на симптомите, а не отстранување на хемороидите, освен доколку нема итна потреба од тоа. Во секој случај, за лекување на надоврешните хемороиди, опстипацијата и честата дијареја треба да се излечат, за да се олеснат движењата на цревата кај пациентот.

Потребно е личноста да воведе нови навики во исхраната за да ефикасно се регулираат движењата на цревата, а воедно потребно е да се зголеми внесот на течности, особено доколку причината за појава на хемороиди е постојаната опстипација.

Печените зеленчуци измешани со масло за готвење треба да станат основен дел од дневното мени на пациентот. Истовремено, топлите билни чаеви ќе го забрзаат процесот на заздравување и ќе ја ублажат болката.

За ублажување на болката и елиминирање на хемороидите може да употребите и гел од алое вера.