Овој чудесен лек може слободно да се нарече супер храна, а тоа се должи на богатиот и моќен состав што го имаат овие две состојки поединечно, кои потоа создаваат една чудесна комбинација.

Зошто се корисни ленените семиња

Ленените семиња се неверојатен извор на диетални хранливи влакна, омега-3, повеќето витамини од Б групата, магнезиум, селен и фосфор. Овие семиња значително го подобруваат метаблизамот, ефикасно ги прочистуваат цревата од токсини, што пак му помага на телото побрзо и полесно да се ослободи од вишокот килограми.

Зошто е корисен медот

Благодарение на неговиот антимикробен ефект, тој се бори со патогените и го забрзува заздравувањето на желудникот по претходно присуство на чир. Покрај тоа, медот ефикасно ја нормализира високата киселост, дејствува како анестетик и го ублажува воспалението на дигестивниот тракт. Помага при слабеење и ја подобрува стомачната лигавица.

Како да го приготвите лекот од мед и ленени семиња

Потребни состојки

  • 200 мл вода
  • 1 супена лажица мед
  • 1 супена лажица ленени семиња
  • 1 зелено јаболко

Начин на подготовка

Излупете го јаболкото, отстранете ја срцевината, исечете на тенки парчиња, а потоа заедно со останатите состојки, заедно измешајте го во блендер.

Начин на употреба

Консумирајте го лекот двапати неделно на празен стомак, половина час пред вашиот оброк. Смесата ќе ви помогне да се справите брзо со дигестивните заболувања, стомачната подуеност и киселините.

Истовремено, доколку често страдате од опстипација, едноставно измешајте мед и ленено семе во еднаков сооднос и консумирајте 5-6 кафени лажици од добиената смеса во текот на денот.