Не, тоа не се родителите, туку еве од кого.

Бабите од мајчинската страна се уникатни за внуците, бидејќи имаат посебна врска со нив. Покрај тоа што имаат голема улога во воспитувањето и советите, најново истражување покажа дека тие се значајни и од аспект на гените.

Алехандро Јодоровски, есеист од Чиле, ја напиша книгата „Метагеналогија: Откривање на самиот себеси преку психомагијата и семејното дрво“, во кое го објаснува генетското влијание на бабите од мајчинска страна, врз нивните внуци, затоа што овие гени одминуваат одредени генерации и директно се пренесуваат на внуците.

Според Алехандро, гените што бебињата ги добиваат додека сè уште се во утробата на мајката, се всушност гените од бабите. Покрај дедовците и роднините, бабите се тие кои во најголем дел, односно најмногу се одговори за генетското наследство.

Гените не секогаш се пренесуваат на следната генерација, туку ја одминуваат. Затоа секогаш постои можноста децата да личат повеќе на нивните тетки, чичковци, баби и дедовци, отколку на сопствените родители.

Новото истражување истакнува дека можеби децата нема да личат точно како нивните баби, но ќе носат некој нивен препознатлив белег: Бемка, насмевката, бојата на очите, начинот на кој се движат и слично. А понекогаш дури ќе ја наследат и коскената структура, мускулите, па дури и генетските болести.

Истражувањето покажа дека внуците делат дури 25% од својата ДНК со своите баби. Научниците од универзитетот Кембриџ, кои го спроведоа ова истражување, објаснуваат дека оваа врска настанува како резултат на X-хромозомот т.е бабите пренесуваат 25% од својот Х-хромозом на своите внуци, при што на овој начин се дозволува децата да ги наследат нивните гени.

Бабите ги пренесуваат своите Х-хромозоми само на внуките, но не и на внуците. Па така, додека бабите се 50% хромозомски поврзани со внуките, од друга страна имааат 0% хромозомска врска со своите внуци.

Според Јордовски, децата исто така ги наследуваат емоционалните искуства од своите баба. Бидејќи при ДНК чувствата можат да останат зачувани, на тој начин, тие можат да се пренесат на внуците.