Мајка која веќе има 11 деца сега бара да има уште 100 деца, со врвен сон да го изгради „најголемото семејство во светот“.

Кристина Озтурк, која има само 23 години и е по потекло од Москва се надева дека таа и нејзиниот сопруг богат сопственик на хотел Галип Озтурк ќе имаат уште десетици бебиња преку сурогат мајки. Милионерот и енговата сопруга живеат во крајбрежниот град Батуми, Грузија каде е легално да се добиваат бебиња преку сурогат мајки.

Кристина била самохрана мајка кога се одмарала во крајбрежниот град Батуми, во Грузија, туристичко жариште понекогаш наречено „Лас Вегас на Црното Море“. Тука Кристина прв пат го сретнала Галип и вели дека тоа било љубов на прв поглед и вели дека Галип е нејзиниот „ментор, водич и принц од бајките сѐ во едно“.

Работите се движеле брзо, а наскоро Кристина и нејзината ќерка Вика се преселиле во Батуми. Иако е многу постар и Галип веќе има две возрасни деца ѝ рекол на Кристина дека не му пречи да има големо семејство. Потоа парот одлучил да користи сурогат мајки и да им плаќа 8.000 евра за целиот процес. Немајќи никакви финансиски проблеми, Галип и Кристина сега се родители на 10 бебиња покрај Вика.

„Во моментов, имам 10 деца со најновиот додаток, Оливија, која пристигна на крајот на минатиот месец. Јас ја родив мојата најстара ќерка Вика пред шест години. Останатите деца се генетски наши од мојот сопруг и мене, но ги носеа сурогат жени.“

Пред да продолжат да додаваат деца на своето семејство парот ќе остави овие веќе што ги имаат да пораснат малку. Кристина признава дека е потешко отколку што мислела за да се грижи за толку деца. Кристина првин мислела секоја година сама да ги раќа децата, но кога се појавила опција за сурогат мајки се одлучиле за тој пат.

„Клиниката во Батуми избира сурогат мајки за нас и презема целосна одговорност за процесот. Ние лично не сме запознаени со сурогат мајки и немаме директни контакти со нив за да избегнеме проблеми по бременоста. Целата комуникација се одвива преку клиниката, ние ги следиме само здравствените индикатори, сочинувам диетално мени за мајки, така што храната е целосна, ги разгледувам резултатите од тестот.“, вели Кристина.

Тие, наводно, избираат само сурогат мајки кои се млади и кои веќе имале една бременост зад себе. Тие исто така прават проверки за да се осигурат дека немаат никакви лоши навики или какви било зависности. Избраните жени добиваат и психолошко советување за да се осигурат дека се подготвени да се откажат од бебето по раѓањето.