За сите оние кои минуваат низ борбата со вишокот килограми, со сигурност ќе ги интересира да го прочитаат одговорот на вечното прашање, колку треба да печашиме, за да ослабнеме?

Пешачењето е една од најбезопасните и најлесните форми на вежбање, кои ни се познати денес. Во зависност од тоа колку често пешачите, може лесно да изгубите 1 килограм за 1 недела, па дури и повеќе.

Замислете само, за временски период помал од 5 месеци, може да бидете послаби за 20 килограми, без да губите време поминато во теретана и без да држите строги диети.

Само 2 фактори влијаат во согорувањето на калориите при пешачењето, а тоа се: Местото каде пешачите и вашата телесна тежина. За оваа цел, може да ги употребите модерните апликации на паметните телефони со кои ќе имате подобар преглед на направените чекори и потрошените калории.

Колку чекори ви се потребни за да ефикасно ослабнете?

Секој може да добие различен резултат од пешачењето. Некои луѓе може да се во состојба да согорат стотици калории за 2 километри, но на некој друг може ќе му биде потребно да помине 5 километри, за да ги добие посакуваните резултати. За оваа цел, апликацијата за мерење на чекори е неопходно да влезе во игра.

Според експертите и ваквите апликации, со поминати 2 километри, односно 2000 чекори се губат 100 калории, при што за една недела неопходно е да се направат 10,000 чекори за да се симне 1 килограм. Единствен проблем е што ваквата физичка активност може да ви стане здодевна.

Исто така, потребно е пред да започнете со пешачењето, да се консултирате со вашиот лекар, дали е сосема безбедно за вас, без проблем да можете да ја извршувате оваа физичка активност.