Во оваа „ангелска“ торта нема ниту брашно, ниту масло – таа е толку нежна, ароматична и лесна, што секој кој ја пробал, ќе се согласи дека едно парче не е доволно!

Јогурт – торта без брашно и масло

Во оваа „ангелска“ торта нема ниту брашно, ниту масло – таа е толку нежна, ароматична и лесна, што секој кој ја пробал, ќе се согласи дека едно парче не едоволно!
Вкупно време1 час
Оброк: Десерт
Кујна: Американска
Клучни зборови: торта, белки
Порции: 4

Состојки

  • 4 јајца (на собна температура)
  • 70 гр шеќер
  • 350 гр кисело млеко
  • 40 гр пченкарно нишесте
  • 1 кафена лажица пециво
  • По желба кора од портокал или лимон
  • 1 кафена лажица ванилин шеќер

Начин на подготовка

  • Разделете ги јајцата (на собна температура) на белки и жолчки. Изматете ги жолчките со шеќерот, додека да се зголемат и добијат бела боја.
  • Додадете ги киселото млеко, ванилата и изренданата кора од лимон и портокал (може и да не ги додавате, доколку не ви се допаѓа мирисот и вкусот на цитрусните овошја). Изматете го сето со миксер.
  • Додадете ги нишестето и пецивото и повторно со миксерот измешајте до мазна смеса. Следно, изматете ги и белките до формирање на тврда бела текстура.
  • Постепено додадете ги белките во млечната смеса сожолчките, притоа мешајте нагоре-надолу со шпатулата. Еве како треба да изгледа смесата:
  • Добиената смеса исипете ја во соодветен сад, во кој претходно е поставена хартија за печење и поставете ја тортата да се пече 30-35 минути на 170°C.
  • Откако ќе помине половина час, исклучете ја рерната и отворете ја нејзината врата. Оставете ја тортата во садот дополнителни 10-15 минути.
  • Потоа извадете го десертот од рерната и оставете го целосно да се излади, а потоа извадете го од садот. Истиот може да го декорирате со шеќер во прав, изрендано чоколадо или шербет.