„Имам слушнато толку многу за љубовта, сум пробала толку многу работи, талкав и се вратив толку пати, повторував толку многу грешки и на крај го научив следното!

Не е љубов ако ве фрустрира.

Не е љубов ако ве гуши.

Не е љубов ако поттикнува да се раѓаат комплекси во вас.

Не е љубов ако сте пресметливи.

Не е љубов ако лажете.

И, секако не е љубов ако изневерувате (верувале или не).

Не е љубов ако има „мое и твое“.

Не е љуов ако сето она што сум јас го нема, исчезнало во таа врска.

Не е љубов ако само едниот е подготвен да се труди

Не е љубов ако се сака само додека е возвратено.

Не е љубов ако се мразиме едни со други, дури и 10 минути. Не е, се колнам, не е.

Не е љубов ако ве условува.

Не е љубов ако не дозволите да дише.

Љубовта не е ако во себе има едно големо „но“.

Не е љубов се газите себеси поради партнерот.

Young couple experiencing difficulties

Не е љубов ако не е приоритет.

Не е љубов ако не свети.

Не е љубов ако не ве топли.

Не е љубов ако не ви го чува грбот.

Да, многу нешта не љубов, иако за нас е полесно да веруваме дека е. Затоа што она што навистина е љубов, тоа бара храброст. И не само било каква, туку целата храброст на овој свет. Да веруваме дека постои, да не се прават компромиси и да се признаат неуспесите. Треба да си признаеме себеси кога љубовта не е вистинска и да заминеме, дури иако во моментот не сакаме.

Бидејќи љубовта е едноставна. Љубовта е лесна. Љубовта ве осветлува, ве крева и ве придвижува. Љубовта буди во вас сè најдобро што  имате, за кое можеби не сте свесни. Кога партнерот ви покажува со дела дека ве цени и дека за него сте најдобрата и најубава личност на светот. Затоа одлучете да бидете храбри!“