Слабеењето не е воопшто лесен процес, но ако го направите на правилниот начин, резултатите ќе бидат долготрајни. Најпрво мора да внесете здрави навики во исхраната или да изберете соодветна диета за вас и вашиот организам. Но, што е со физичката активност?

Физичката активност е подеднакво важна како и правилната исхрана, а токму фитнес инструкторката Клои Тинг ни открива како за само 30 дена да добиете совршено обликуван и затегнат рамен стомак. Нејзините вежби се неверојатно лесни, идеални за домашни услови.

Воедно, за изведување на истите нема да ви биде потребна никаква опрема, а не грижете се ниту ако сметате дека немате доволно кондиција. Тие се одлични и за почетници, а ќе ви одземат само 10 минути од вашето време. Практикувајте ги секој ден!