Причините за задржувањето на водата можата да бидат бројни, од секојдневните навики до начинот на исхрана, дисбаланс на хормоните за време на менструален циклус, бременост, менопауза и слично.

Дури и прекумерената консумација на сол, шеќер и масти може да придонесе за задржување на водата во организамот или пак, недоволниот внес на протеини и витаминот Б комплекс.

Токму за оваа цел, денес ви откриваме како најлесно да се справите со оваа непријатна состојба.

Станува збор за употреба на магдоносот, кој секојдневно го користиме како зачин, а не сме свесни дека истиот содржи неверојатни моќни својства. Магдоносот е одличен сојузник во борбата со проблемите при уринирањето и бубрежните заболувања.

Домашен рецепт со магдонос за ослободување на задржана вода во организамот

Потребни состојки

  • 5 супени лажици исечен магдонос
  • 1 литар вода

Начин на подготовка и употреба

Во 1 литар врела вода се додаваат 5 супени лажици исечен магдонос. Добиената течност се остава да отстои околу 20 минути. Следно, прецедете го чајот и испијте го.

Истиот може да го консумирате топол или ладен, по ваша желба.