Постојат одредени итрини за убавина со природни состојки, кои треба секоја дама да ги знае, доколку сака на лесен начин секогаш да има блескава и беспрекорна кожа.

Тие се неверојатно практични и корисни како за убавината и негата, така и за здравјето на кожата. Во продолжение прочитајте за кои 7 совети станува збор:

  1. При брчки, најкорисно е пред спиење нанесете на вашите лице и врат рицинусово масло.
  2. За да го решите проблемот со коса која пребрзо се масти секојдневно, во текот на денот со триење нанесувајте црн чај на вашиот скалп.
  3. За беспрекорна кожа на телото, редовно практикувајте пилинг со кафе.
  4. За подобрување на бојата на лицето, нанесувајте маска со мед и кисело млеко.
  5. За длабоко прочистување на кожата, користете жолчка измешана со сок од лимони.
  6. За да ја омекнете кожата на рацете и нозете, нанесувајте смеса од оцет и растително масло, измешани во еднаков сооднос.
  7. При акни, најефикасно помага маска подготвена од изренадно јаболко со мало количество на мед.