Џорџо Армани важи за еден од најдобрите модни дизајнери во светот, а неговата компанија е синоним за луксуз и елеганција. Денес ви претставуваме 5 златни модни совети од врвниот дизајнер како просечната жена да изгледа секогаш врвно и со стил, при што така облечна, ќе биде успешна на секое поле!

1. Црната и темно сива боја се поспецијални бои од останатите

Ако се придржувате кон овие 2 бои, тогаш имате целосна слободна да експериментирате со формите и текстурите. Дури и големината на чантата може да влије врз вашиот целокупен изглед. Колку е поголема чантата, толку послаби ќе изгледате. За пониските дами, дизајнерот препорачува да изберат средно голема чанта.

2. Избирајте квалитетни модни додатоци

Правилно инвестирајте во квалитетни обувки, чанти, ремени и други модни додатоци. Вашата облека може да изгледа многу полуксузно доколку е искомбинирана со квалитетни модни додатоци, кои притоа може да траат многу подолго време. Часовникот е нешто најважно, тој открива многу за една личност.

3. Вистинскиот парфем за вас

Пробајте неколку разни парфеми и меѓу големиот избор, пронајдете го вашиот вистински мирис. Вистинскиот и квалитетен парфем може целосно да го промени впечатокот на луѓето за вас, бидејќи тоа е нешто што прво во забележуваат (чувствуваат). Дизајнерот открива дека негов парфем по кој луѓето го препознаваат е Acqua de Gio, од неговиот бренд, кој мириса многу свежо, лесно и елегантно.

4. Носете ја вашата самодоверба насекаде со вас

Целата работа е во ваши раце. Иако повеќето луѓе сметаат дека мора да се носат лукузни парчиња за да изгледаат добро, всушност Армани открива дека најмоќното оружје кое не може никаде да го купите и најдобриот моден дадаток е вашата самодверба. Не излегувајте никаде без истата и секогаш носете ја со доза на елеганција.

5. Носете едноставна облека со висок квалитет

Најдобрата облека за просечната жена е онаа изработена од висококвалитетен материјал, а притоа на дизајн е многу едноставна. Истата не само што ќе ве направи да изгледате супер софистицирано и елегантно, туку и нејзината удобност совршено ќе се вклопи во вашето секојдневие.