Колку и да не сакаме, сезоната на настинките, кашлиците и грипот веќе пристигна, а како што се ближат новогодишните празници, никој од нас не сака токму за оваа пригода да лежи дома настинат, со вирус, зарем не?

Затоа денес ви имаме приготвено едно чудесно домашно средство кое ефикасно се бори против вирусите и настинките. Природниот напиток ќе го зајакне вашиот имунитиет и ќе ги држи вирусите подалеку од вас.

Сепак, пред неговото консумирње, неопходно е да се консултирате со вашиот лекар, поради евентуални проблеми со алергија.

Домашен наптиок против вируси и настинки

Потребни состојки

  • 1 корен свеж ѓумбир
  • 1 литар вода
  • 3 супени лажици мед
  • 1 лимон

Начин на подготовка

Излупете го коренот од ѓумбирот и исечете го на тенки парчиња. Поставете го ѓумбирот во длабок сад, налејте вода одозгора, целосно покривајќи го истиот и така варете го ѓумбирот 15-20 минути на умерена температура.

Откако ќе го отстраните садот од оганот, оставете го ѓумбирот да отстои дополнителни 5 минути.

Додека сè уште е топла, одделете ги парчињата ѓумбир од течноста, а потоа истата засладете ја со мед и сокот од лимонот.

Зошто овој наптиок е ефикасен?

  • Го зајкнува телото и имунитетот
  • Го обновува организамот по настинка и грип
  • Го ублажува чувството на гадење и стомачните грчеви
  • Има пријатен ефект врз нервниот систем
  • Го подобрува варењето на храната и ја намалува стомачната подуеност
  • Ја подобрува циркулацијата на крвта
  • Ќе ве стопли во студените зимски денови