Денес на пазарот постојат бројни производи за слабеење, а воедно и производи за намалување на апетитот, но поради нивниот хемиски состав, истите може да му донесат повеќе штета, отколку добро на нашиот организам. За оваа цел, денес ви го откриваме еден од најдобрите природни начини како да се ослободите од вишокот килограми.

Станува збор за чај т.е домашен напиток кој ефикасно го потиснува и значително го намалува апетот. Се пие навечер и е совршен додаток во секојдневното и диетално мени. Еве како може да го приготвите уште денес!

Домашен напиток за намалување на апетитот

Потребни состојки

  • Половина литар вода
  • 1 кафена лажица рендан ѓумбир
  • 2 ловорови листови
  • Половина кафена лажица семиња од ким
  • Половина кафена лажица цимет

Начин на подготовка

Со исклучок на циметот, добро измешајте ги сите состојки заедно и поставете ги да се варат половина час. Потоа отстранете ја водата од оганот, додадете го и циметот и оставете го напитокот да се лади 5 минути. Прецедете и испијте.