Ако обожавате пржени компиричња, но сепак внимавате што поретко да ги консумирате доколку внимавате на линијата, без грижи, денес ви го претставуваме идеалниот златен рецепт за здрави крцкави компирчиња на кои ретко кој може да одолее!

Крцкави компирчиња

Вкупно време30 минути
Оброк: Главно јадење
Кујна: италијанска
Клучни зборови: печени компири, компири

Состојки

  • 3 компири
  • 1 кафена лажица зејтин
  • По вкус сол и мелен црн пипер
  • 1 прстофат мелен црвен пипер
  • 1 прстофат лук во прав
  • 1 прстофат коријандер

Начин на подготовка

  • Излупете и тенко исечете ги компирите. Покријте ги со вода и оставете ги така да отстојат неколку минути.
  • Потоа поставете ги компирите врз хартија, за да се впие вишокот на течност, а потоа преместете ги во соодветен сад. Додадете сол, мелен црн и црвен пипер, лук во прав и коријандер. Сето тоа добро измешајте го.
  • Сега додадете и зејтин и повторно добро измешајте. Преместете ги компирите во стаклена чинија за микробранова печка, вклчете ја истата на максималната точка и печете ги компирите 5-8 минути. Повторете ја постапката со цел компирите да омекнат.