Денес на полиците во маркетите може да сретнеме огромен и различен избор на мајонез. Но, денес ви откриваме како лесно и брзо може да го приготвите овој омилен сос во домашни услови.

Домашен мајонез без јајца, готов за неколку минути

Денес на полиците во маркетите може да сретнеме огромен иразличен избор на мајонез. Но, денес ви откриваме како лесно и брзо може да го приготвите овој омилен сос во домашни услови.
Вкупно време20 минути
Оброк: Прилог
Кујна: Американска
Клучни зборови: мајонез, домашен мајонез
Порции: 4

Состојки

  • 100 мл пресно млеко
  • 200 мл сончогледово масло
  • 1 кафена лажица сенф
  • Половина кафена лажица сол
  • 2 кафени лажици шеќер
  • 2 супени лажици оцет

Начин на подготовка

  • Измешајте го маслото за готвење со млекото на една и иста температура. Додадете сол, шеќер и изматете ги сите состојки заедно со пасатор, додека смесата да стане густа.
  • Следно, додадете ги сенфот и оцетот и повторно измешајте ги состојките, до добивање една соединета смеса и домашниот мајонез е готов!