Надвиснатата кожа на рацете е проблем на речиси секоја втора жена. Токму за оваа цел, денес ви ги претставуваме 2-те најдобри домашни вежби, благодарение на кои, без многу труд, ќе имате затегнати раце!

1. Одење на раце

  • Почетна положба: Застанете исправено на подот.
  • Наведнете се кон напред, допирајќи го подот со раце.
  • Потоа со мали „чекори“ само на раце, придвижете се уште кон напред.
  • Задржете се во оваа позиција неколку минути, а потоа на истиот начин вратете се во првобитната положба.

2. Притисок на трицепс

  • Почетна положба: Потпрете се на колената.
  • Лесно поставете ги дланките напред, со растојание колку рамената.
  • Затегнувајќи ги стомакот и задникот, спуштете се надолу, а потоа кренете го телото нагоре.
  • Направете неколку повторувања.