Go Back

Домашен мајонез без јајца, готов за неколку минути

Денес на полиците во маркетите може да сретнеме огромен иразличен избор на мајонез. Но, денес ви откриваме како лесно и брзо може да го приготвите овој омилен сос во домашни услови.
Вкупно време20 минути
Оброк: Прилог
Кујна: Американска
Клучни зборови: мајонез, домашен мајонез
Порции: 4

Состојки

  • 100 мл пресно млеко
  • 200 мл сончогледово масло
  • 1 кафена лажица сенф
  • Половина кафена лажица сол
  • 2 кафени лажици шеќер
  • 2 супени лажици оцет

Начин на подготовка

  • Измешајте го маслото за готвење со млекото на една и иста температура. Додадете сол, шеќер и изматете ги сите состојки заедно со пасатор, додека смесата да стане густа.
  • Следно, додадете ги сенфот и оцетот и повторно измешајте ги состојките, до добивање една соединета смеса и домашниот мајонез е готов!