Во зимските месеци, присуството на настинките и грипот е едноставно неизбежно. Наместо разни апчиња, денес ви откриваме рецепт за ефикасно домашно лекарство против кашлица, без несакани ефекти.

Токму поради тоа, домашниот лек може да го користат и најмалите членови во семејството, кои имаат најчувствителен имунитет.

Ефикасен домашен сируп кој брзо ја лекува кашлицата

Потребни состојки

  • Мед
  • Црна репка

Начин на подготовка

Издлабете ја внатрешноста на репката, а во издлабениот дел додадете го медот. Добро е да знаете дека репката ќе испушти свој природен сок, па затоа не додавајте мед до самиот врв.

Следно, поставете го зеленчукот во доволно широк сад и оставете ја репката така да отстои преку ноќта, на собна температура. Наредното утро, добиениот природен сируп се складира во соодветен сад со капак.

Домашниот лек може да го пиете на секој час, по ваша потреба и желба и задолжително пред спиење. За кратко, веднаш ќе ги почувствувате посакуваните резултати.